
Вилјареал го отпушти тренерот Хозе Рохо Мартин Пакета, соопшти шпанскиот клуб.
Поранешниот тренер на Валјадолид ја презеде „жолтата подморница“ во средината на септември откако се раздели со Кике Сетиен, но го водеше тимот на само 12 натпревари. На последниот натпревар Вилјареал загуби на домашен терен од Атлетик Билбао со 2-3.
Од овие 12 натпревари, Вилјареал победи само два во првенството – против Алмерија (2-1) и Гранада (3-2), еден во Лига Европа – против Рен (1-0) и еден за Купот на кралот – против Чиклана (5-0).
На табелата во Ла Лига, Вилјареал е на 13. место со 12 бода, пет бода од опасната зона.
Вилјареал објави дека фудбалскиот директор на клубот, Мигел Анхел Тена, ќе го води тренингот на тимот в сабота, како и дека ќе го води тимот на натпреварот против Атлетико Мадрид в недела навечер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
