Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Виктор Ангелов, кариерата ја продолжува во екипата на Широки Бријег. Прволигашот од БиХ веќе извесно време преговараше за ангажман на македонскиот голгетер, а по заминувањето на Багариќ во Словенија конечно беше потпишан и договор за соработка на една година, со можност за нејзино продолжување на уште една дополнителна сезона.
„Среќен сум што потпишав за Широки Бријег. И претходно, додека тренер беше Гоце Седлоски, беа водени разговори за моето доаѓање, сега само ја финализиравме соработката. Слушнав убави работи за клубот, запознаен сум со целите поставени пред Широки и дојдов овде да помогнам во нивното остварување“ – изјави Ангелов за клупската веб-страница на Широки Бријег.
Виктор Ангелов настапуваше за сите младински селекции на Македонија, а беше дел од младата селекција што обезбеди настап на ЕП во Полска. На клупски план, тој ги има брането боите на Работнички, Тетекс, Металург, Ујпешт и Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













