Менаџерот на Кристал Палас, Патрик Виеира упати комплименти за играчот од средниот ред на Јувентус, Арон Рамзи и сака да го доведе Велшанецот во својот тим. Се очекува Рамзи да го напушти Јувентус во јануарскиот преоден рок, а лондончани со сите сили се борат за неговиот потпис.
31-годишниот фудбалер е силно поврзан со враќање во Премиер лигата и наводно одбил трансфер во Барнли. Кристал Палас би можел да биде клуб што ќе ги задоволи неговите вкусови.
„Секако дека ми се допаѓа Арон Рамзи. Тој е одличен играч и мислам дека може добро и да им помогне на многу тимови во Премиер – лигата. Ние би го пречекале со раширени раце“, изјави Виеира.
Рамзи дојде во Јувентус на слободен трансфер од Арсенал во 2019 година, но не успеа да се наметне во Торино, а неговата плата е огромен товар за буџетот на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













