
Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинад е еден од најжестоките противници на новата Европска Суперлига. Тој отворено вели дека ваквото натпреварување е затворен круг на богатите кои се собрале да си договараат поделба на пари.
„Овие луѓе немаат поим што е суштната на фудбалот. Ваквата идеја е комплетно против целата смисла на фудбалот. Ова е срамно. Ова е војна против фудбалот. Го прават ова само за пари. Не водат сметка за луѓето и за историјата. Со ова напреврување се губи смислата на напреварувањето, наградата за победувањето и казната за неуспехот. Овие работи и даваат вредност на наша игра. Ова е чиста бизнис трансакција“ – вели Фердинад.
Фердинанд вели дека се срами од неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед и одлуките на неговите сопственици. Вели јас сум навивач на јунајтед но во моментов сум засрамен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
