Connect with us

Вест Хем со нов обид да го купи Хари Мегваер

Вест Хем ги обнови разговорите со дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Наводно, трансферот сè уште зависи од тоа дали англискиот репрезентативец ќе добие отштета за неговото заминување од „Олд Трафорд“, бидејќи „чеканите“ немаат средства да му ја платат неговата сегашна плата во Манчестер Јунајтед.


Лондончани веќе договорија четиригодишен договор вреден 120.000 фунти неделно со Мегваер, што би било за 70.000 фунти помалку од неговата сегашна плата.


Јунајтед му понуди на дефанзивецот сума од 6 милиони фунти во случај на негово евентуално заминување. Мегваер, сепак, бара поголема отштета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови