
Англискиот премиерлигаш Вест Хем со 3-0 ја победи ФЦСБ и со максимален ефект, шест победи, ја заврши групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Форналс беше двоен стрелец, а Дава си постигна и автогол
Партизан ремизираше 1-1 против Словачко во Белград и како второпласиран тим оди во 1/16-финалето на ова натпреварување. Натхо од пенал донесе водство за Партизан во првиот дел, а израмни Михалик во 72. минута.
Ница го задржа првото место и покрај ремито (2-2) против Келн.
Во групата Ц, Лех Познањ со 3-0 го победи Вилјареал и го освои второто место во групата.
Во групата Б, Андерлехт го победи Силкеборг со 2-0 и го освои второто место во директната пресметка за нокаут фазата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski