Фудбалерот на Фламенго, Габриел Барбоса се најде на списокот со желби на тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс.
„Чеканите“ покажаа голем интерес за Бразилецот кој во првиот мандат не се снајде во Европа носејќи го дресот на Интер. Тие дадоа официјална понуда вредна 6 милиони евра за 18-месечна позајмица, но Фламенго не сака ни да слушне за разделбата со одличниот напаѓач.
Истиот ден бразилскиот клуб ја одби понудата на Вест Хем, сметајќи дека нема смисла да се позајмува најдобриот стрелец и на него сметаат стопроцентно.
Напаѓачот не би имал ништо против да се пресели во Англија, импресиониран е од работата на Дејвид Мојес и Вест Хем, но овој тип на понуда не му одговара на Фламенго.
Популарниот Габигол постигна дури 104 гола за бразилскиот великан на 147 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













