Вест Хем не се откажува од трансферот на бразилскиот интернационалец од Лион, Лукас Пакета. Откако првата понуда од 50 милиони евра беше одбиена од Французите, клубот од Лондон понудил 57 милиони евра, информира „Л’Екип“.
Понудата е 42 милиони да бидат веднаш исплатени и уште 15 милиони да бидат во вид на разни бонуси за време на договорот на Бразилецот.
Лион бараше 60 милиони евра за својата ѕвезда, а таа желба е речиси исполнета и се очекува да се постигне договор меѓу клубовите до крајот на неделата. Познато е и дека агентите на Пакета веќе неколку дена се во Лондон и преговараат за личните услови на фудбалерот, што е уште еден сигнал за комплетирање на зделката.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













