Мизеријата на Манчестер Јунајтед во Премиер – лигата е сѐ поголема откако тимот на Ерик тен Хаг загуби со 2-1 и на гостувањето кај Вест Хем. Кришенсио Самервил ја најави победата на Вест Хем со голот во 74.минута, но израмни Кашемиро седум минути подоцна.
Сепак, Џерод Боувен од пенал во 92.минута донесе триумф за „чеканите“.
Челси на „Стемфорд бриџ“ го победи Њукасл со 2-1. Николас Џексон во 18.минута обезбеди предност за домаќинот, но израмни Александер Исак во 32.минута. Победата за Челси ја донесе Кол Палмер во 47.минута од дуелот.
Кристал Палас славеше против Тотенхем со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Жан-Филип Матета во 31.минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













