Connect with us

Вест Хем и Манчестер Јунајтед се договорија за трансферот на Хари Мегваер

Вест Хем и Манчестер Јунајтед постигнаа начелен договор за трансферот на Хари Мегваер. Договорот ќе биде вреден 30 милиони фунти и личните услови на 30-годишниот играч нема да бидат проблем, тврди „Скајт Спортс“. Тоа беше втора понуда на „чеканите“ за поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“. Јунајтед претходно ја одби понудата од лондончани од 20 милиони фунти.


Трансферот во заминување на Мегваер ќе ги отвори вратите на „Олд Трафорд“ за привлекување на нов централен дефанзивец. Последните денови се зборуваше дека најголем интерес има за Жан Клер Тодибо од Ница.

Манчестер Јунајтед го ангажираше Мегваер во август 2019 година за тогаш рекордна сума од 80 милиони фунти за дефанзивец. Тој одигра вкупно 118 натпревари за тимот.

Во исто време, Вест Хем договори уште еден трансфер, кој ќе биде со иста вредност – 30 милиони фунти. Доаѓа фудбалерот на Саутемптон, Џејмс Ворд-Прауз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови