Арсенал го доживеа третиот пораз во Премиер – лигата оваа сезона откако изненадувачки загуби од Вест Хем на „Емирати“ со 0-2. Тимот на Микел Артета не беше на потребното ниво, па дозволи пораз во малото лондонско дерби.
Томас Соучек во 13.минута донесе предност за Вест Хем, а вториот гол беше дело на Константинос Мавропанос, кој во 55.минута со удар со глава ја закова топката зад грбот на Раја.
Во последните мигови од мечот, Раја одбрани пенал, скротувајќи го шутот на Саид Бенрама.
Брајтон го победи Тотенхем со 4-2. Хиншелвуд и Жоао Педро од пенал донесоа водство од 2-0 за Брајтон по првото полувреме, а потоа уште два додадоа Еступињан и повторно Жоао Педро од пенал.
Тотенхем на крајот постигна два гола за ублажување на поразот преку Велиз и Дејвис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













