Connect with us

Вест Хем го доведе и Гвидо Родригез

Вест Хем официјално го претстави како свој играч светскиот шампион Гвидо Родригез. 30-годишниот играч од средниот ред пристигнува на „Лондон Стејдиум“ како слободен агент, откако заврши неговиот договор со Бетис.


Тој потпиша договор со „чеканите“ на четири и пол сезони.

„Многу сум среќен што сум тука. Чувствувам дека е сон на секој фудбалер да игра во Премиер – лигата. Затоа бев многу возбуден кога дознав за интересот на Вест Хем. Ова е историски клуб кој има навистина интересен проект. Мислам дека ова е вистинскиот тим за мене. Овој потег доаѓа во вистински момент и се надевам дека заедно ќе продолжиме да напредуваме. Разговарав со Едсон Алварез пред да потпишам. Двајцата со нетрпение очекуваме повторно да играме заедно,“ изјави Родригез, кој има 30 натпревари за националниот тим на Аргентина.

Гвидо Родригез е шестото ново засилување на Вест Хем за ова лето, по Макс Килман, Кришенсио Самервил, Весли Фодерингам, Луис Гилерме и Никлас Фулкруг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови