Лестер попушти и ќе го продаде Весли Фофана на Челси, и тоа како најскап дефанзивец во историјата на Премиер – лигата. Се очекува трансферот да биде реализиран за отштета од 90 милиони евра, а ќе го надмине досегашниот најголем трансфер на Хари Мегваер кој за сума од 87 милиони евра пристигна во Манчестер Јунајтед.
Весли Фофана инсистираше да го напушти Лестер во овој летен преоден рок и да се пресели на „Стемфорд бриџ“, а на крајот тоа беше и пресудно. Брендан Роџерс не сакаше да има незадоволен фудбалер во тимот, а Лестер секако ќе заработи огромни средства на продажбата на францускиот интернационалец.
Се очекува трансферот да биде комплетиран во наредните три дена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













