Тимо Вернер се врати во Лајпциг и веднаш беше стрелец на убав гол, но неговиот тим одигра 2-2 дома против Келн. Шобошлаи доби црвен картон и ги отежна работите за Лајпциг, а погоди Нкунку, но Келн стигна до бод со голот на Диц и со автоголот на Гвардиол.
Баер Леверкузен загуби дома од Аугсбург со 1-2. Јенсен го најави изненадувањето, Арангуиз израмни пред крајот на првиот дел, а Андре Хан во 82.минута постигна победнички гол за гостите.
Вердер и Штутгарт одиграа 2-2, а Дарко Чурлинов не беше во тимот поради трансферот во Барнли.
Хофенхајм го победи Бохум со 3-2, а Херта и Ајнтрахт Франкфурт ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













