
Белгија ќе ја започне нокаут фаза на Европското првенство в недела со натпревар против Португалија во Севилја, а фудбалерите на селекторот Роберто Мартинез се бесни на форматот на натпреварувањето.
Томас Вермален, 35-годишниот дефанзивец, се пожали дека не е фер Белгија да мора да патува на сите натпревари.
„За жал, има екипи во ова натпреварување кои ги одиграа сите натпревари на домашен терен. Воопшто не е фер. Моравме да патуваме на сите мечеви, а патувањата лошо влијаат на вашето тело. Игравме двапати во Русија и моравме да летаме назад три часа. Секако тоа не ни помогна во ова натпреварување. Ние мора да го прифатиме тоа, но не е фер”, изјави искусниот дефанзивец.
Белгија одигра два натпревари во Санкт Петербург и еден во Копенхаген, а сега Вермален и соиграчите од националниот тим ќе патуваат за Севилја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
