Connect with us

Венгер ја предвиде Суперлигата…

Говорејќи на една прес-конференција пред последниот натпревар на кормилото на Арсенал, сега веќе поранешниот тренер Арсен Венгер, на некој начин, го предвиде создавањето на ново натпреварување од рангот на Суперлигата.

“За неколку години, сигурно ќе имате европска лига за време на викендите“, рече Венгер во 2018 година. “Неизбежно е. Зошто? Како прво, споделувањето пари за пренос на натпревари ќе стане проблем помеѓу големите клубови и малите клубови.

„Големите клубови ќе речат: ‘Нема никој да гледа како два помали клуба играат еден против друг. Луѓето сакаат да гледаат квалитетен фудбал. Значи ние ќе мора да ги делиме парите, но за помалите клубови нема да има никаков интерес’.

„Погледнете ја публиката во Лигата на шампионите. Ако се игра Ел Класико помеѓу Реал Мадрид и Барселона, или Реал Мадрид против Арсенал, или Манчестер Јунајтед против Баерн Минхен секоја недела, публиката ќе биде постојано присутна”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови