Connect with us

Велешта се раздели со шестмина фудбалери

Тимот на Велешта минатата сезона за малку не успеа да обезбеди место во баражот за влез во Првата лига, а во пресрет на новиот шампионат повторно има големи амбиции во Втората лига Запад. Составот ќе биде реновиран, а засега си заминаа шестмина фудбалери.

Велешта ја напуштија еден од најдобрите играчи, Алтин Лога, потоа Игор Клечкароски, Сокол Арифи, Христијан Малески, Александар Далчески и Бојан Спиркоски.

Во наредниот период, раководството на клубот ќе се обиде да доведе неколку квалитетни засилувања за Велешта повторно да биде конкурентна за висок пласман.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови