Вејн Руни размислува да ја продолжи менаџерската кариера во Саудиска Арабија откако минатиот месец беше отпуштен од Бирмингем.
Поранешниот напаѓач досега водеше неколку екипи – Дерби Каунти, Ди Си Јунајтед и неодамна Бирмингем, од каде беше ослободен поради лошите резултати. Руни помина само 83 дена со тимот од Чемпионшип, победувајќи само двапати во 15 натпревари.
Сепак, Вејн Руни е решен да се докаже како тренер и планира тоа да го направи во Саудиска Арабија. Медиумите на Островот најавуваат дека тој е во преговори со неколку клуба од саудиската фудбалска елита, каде работи и Стивен Џерард.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













