Вејн Руни и официјално доби отказ по очајната серија на клупата на Бирмингем, соопшти англискиот клуб.
Поразот од 3-0 од Лидс на новогодишната ноќ беше последната капка, Руни доби отказ по 15 натпревари на клупата на Бирмингем.
На тие 15 натпревари Руни забележа само две победи, со четири нерешени и дури девет порази, оставајќи го Бирмингем на 20. позиција на табелата во Чемпионшип.
Бирмингем со кратко соопштение ја потврди разделбата со Вејн Руни.
„За жал, соработката со Вејн Руни не одеше според планот и клубот реши да продолжи во друг правец“, соопштија од Бирмингем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal