
Фудбалерите на Вардар пристигнаа на Златибор каде ќе го реализираат главниот дел на летните подготовки, пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Тимот ќе биде сместен во хотелот „Палисад”, кој во целост ги нуди најдобрите услови за тренинг и релаксација, а покрај тоа тренерот Бобан Грнчаров заедно со своите асистенти, преку одигрување на неколку пријателски натпревари, ќе има можност да поработи на тактичкиот дел и воигрувањето на екипата.
Заедно со црвено – црната експедиција, на летните подготовки на Златибор отпатува и Владица Брдаровски, актуелниот репрезентативец на Македонија кој повторно го носи дресот на Вардар, Ласо Фигураедо Педрињо, второто засилување на клубот, кој доаѓа од бугарскиот тим Мињор Перник, како и Лука Трајковски, фудбалер кој претходно настапуваше за Победа Прилеп.
Покрај нив во ростерот на екипата се вратија и фудбалерите Мартин Блажевски, кој минатата полусезона настапуваше како позајмен играч во тимот на ФК Скопје, и Бењамин Демир кој по пауза од неколку месеци повторно е дел од црвено – црните.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal