Connect with us

Вардар сака триумф во Кавадарци, Работнички и Брера во интересна пресметка, Шкендија е супер фаворит против Воска

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе се обиде да стигне до првата победа на гости на денешниот дуел против Тиквеш во Кавадарци. Откако освои бод на дуелот против Гостивар, тренерот Срѓан Захариевски најави дека „црвено-црните“ ќе играат сѐ подобро на секој нареден натпревар и дека ќе ааткуваат на триумф.


Првата шанса е денеска во Кавадарци, откако Вардар успешно го мина куп-натпреварот против Новаци.

Но, и Тиквеш не стартуваше најдобро во новата сезона, па сигурно дека и домаќинот ќе сака да ги задржи бодовите за себе по денешната пресметка.

Актуелниот шампион Струга Трим Лум ќе го пречека Шкупи во дерби натпреварот од шестото коло во Првата лига. Дуелите меѓу овие два тима секогаш предизвикуваат голем интерес во Струга, каде досега првакот нема пораз оваа сезона.

Се очекува уште еден интересен дуел во Кратово, каде се среќаваат Силекс и Гостивар, тим кој нема пораз во досегашниот тек од шампионатот. Силекс, од друга страна, е одличен кога игра пред домашните гледачи.

Работнички исто така е без пораз, го дели првото место со тимот на Шкендија, а денеска на арената „Тодор Проески“ ќе ја пречека Брера. „Романтичарите“ сакаат да се рехабилитираат по непријатната елиминација во Купот од третолигашот Шкендија Арачиново.

Шкендија ја пречекува Воска Спорт во Тетово и важи за фаворит за освојување на трите бода, а Беса во Гостивар ќе се сретне со Пелистер.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 6. КОЛО (15 ЧАСОТ)

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

РАБОТНИЧКИ – БРЕРА

СИЛЕКС – ГОСТИВАР

ТИКВЕШ – ВАРДАР

ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ

БЕСА – ПЕЛИСТЕР

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови