
Вардар се бори за опстанок, а Шкендија има амбиции за врвот, но без разлика на моментните позиции, сепак, дуелите на овие две екипи секогаш го носат епитетот дерби на колото. Мотивите се секогаш огромни да се победи ривалот.
Неодамна Шкендија славеше убедливо во Тетово, па сега Вардар бара можност за рвенаш. Дополнително што бодовите им се многу потребни.
Но, и Шкендија има свој план за нов триумф, го истакнува Аденис Шала.
„Сакаме да се вратиме во победнички ритам. Малку подзастанавме и сега сите мораме да го дадеме максимумот за повторно да влеземе во серија на триумфи. Целите на Шкендија се јасни“, вели Шала.
Шкупи има гостување во Охрид и дуел со Воска, каде не е лесно да се стигне до трите бода. Тимот на Воска игра многу подобро откако Срѓан Захариевски седна на клупата, во минатото коло ја сопре Шкендија во Тетово.
Брегалница се бори за гол прволигашки живот и сигурно ќе атакува на триумф против Гостивар, а и Македонија ЃП нема друг избор освен да бара три бода на дуелот против Тиквеш во Ѓорче Петров.
Силекс во Кратово е домаќин на Брера.
Утре на арената „Тодор Проески“ се игра последниот меч од ова 24.коло, Работнички ќе го пречека актуелниот шампион, Струга Трим Лум.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО (денеска, 15 часот)
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
СИЛЕКС – БРЕРА
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (утре, 15 часот)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
