По убедливите порази од сплитски Хајдук (1-3) и украински Динамо Киев (0-4), Вардар го запиша и третиот пораз за време на подготовките во Анталија, овој пат од српскиот суперлигаш ТСЦ Бачка Топола со 1-2 (0-1).
Србите до предност стигнаа уште во првото полувреме со погодокот на Зец. Во вториот дел стрелец за Бачка Топола беше и Арсенијевиќ, а Вардар во финишот од средбата со голот на Колевски само го ублажи поразот.
Вардар на дуелот против српскиот тим настапи во следниот состав: Илиќ, Тошевски, Младеновски, Новак, Брдаровски, Попзлатанов, Најдовски, Димоски, Аврамовски, Цветаноски и Ибиши.
Следниот натпревар на „црвено-црните“ на подготовките во Анталија е против белградска Црвена Звезда на 29. јануари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













