Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК Скопје на баражот во Кавадарци со 3-0.

Двоен стрелец беше Дарко Размоски, кој го отвори резултатот уште во третата минута, а потоа и во 49.минута од мечот.
Работата за Скопје ја отежна Миле Тодоров кој направи глупост во 35.минута, фрли факел од тревникот кон трибината на Комити, а судијата Александар Ставрев му покажа директен црвен картон поради неспортско однесување.
Во 60.минута, Дарко Глишиќ погоди од слободен удар и третпат го совлада Андреја Ефремов, па беше јасно дека вардарци по две години повторно се враќаат во македонската фудбалска елита.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













