Навивачите на Шкендија нема да присуствуваат на натпреварот против Вардар, кој ќе се одигра во недела на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на првото пролетно коло во ПМФЛ.
Очекувано, Вардар го одби барањето на Шкендија за присуство на 300 навивачи на „Балисти“ на овој дерби дуел.
Како причина за одбивањето, од Вардар наведуваат дека навивачите на Шкендија не се добредојдени, особено имајќи ги предвид настаните од последните средби под Шара, кога најтрофејниот македонски клуб гостуваше во Тетово. Истовремено, се потсетува дека Шкендија во неколку наврати одби да ги прими „Комитите“ на натпреварите меѓу двата ривалски тима.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













