
Вардар зема победнички залет, го нанижа Шкупи и Работнички, а денеска во Маџари го пречекува Силекс. И планот е идентичен, да се сместат и кратовци во нотесот на поразените тимови.
Атмосферата кај „црвено-црните“ е одлична по триумфите над Шкупи и над Работнички, а избраниците на Александар Васоски се мотивирани да продолжат во ист стил.
„Ме радуваат победите, но и фактот дека играме добро и немаме примено гол на последните два натпревари. Се надевам дека ќе продолжиме во ист стил, иако Силекс е секако квалитетен состав“, вели шефот на стручниот штаб на Вардар.
Силекс има два порази на последните два меча. Кратовци загубија од Академија Пандев и од Шкендија, но се надеваат дека можат да го изненадат Вардар и да останат непоразени на денешниот дуел.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 25. КОЛО (15:30 ч.)
СКОПЈЕ: Македонија ЃП – Работнички
ТЕТОВО: Шкендија – Победа
СКОПЈЕ: Вардар – Силекс
ТУРНОВО: Академија Пандев – Ренова
СТРУМИЦА: Беласица – Шкупи

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal