
Првата фудбалска лига влегува во завршница. Вардар и Струга ТЛ денеска (17 часот) на комплексот на ФФМ ќе го отворат 31.коло. Овој натпревар по барање на МВР се игра ден порано од останатите, а треба да даде една убава слика која екипа е подобра пред „главниот настан“ и за двата клуба, финалето на Купот кое е закажно за 21.мај на арената „Тодор Проески“.
Вардар е во одличен ритам цела пролет, има серија од 14 натпревари без пораз и сигурно дека ќе сака да ја продолжи и против сѐ уште актуелниот шампион Струга Трим Лум.
Стружани оваа сезона потфрлија во трката за титулата и за излез на европска сцена, но по доаѓањето на Илчо Ѓорѓиоски тимот бележи подобрување на формата.
Купот е главната цел за двете екипи, па нема сомнение дека и Гоце Седлоски и Илчо Ѓорѓиоски ќе сакаат да сокријат дел од адутите или тактичките замисли, но од друга страна и да победат, за да добијат психилошка предност пред финалната пресметка во најмасовното фудбалско натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
