
Вардар и Работнички некогаш имаа дуели за врвот, но и сега кога се наоѓаат на седмата и на осната позиција на табелата нивната градска пресметка е во фокусот на вниманието. „ Црвено-црните“ имаат финансиски проблеми, но тимот сепак успева некако да се оттргне и да се фокусира на првенствените битки. „Романтичарите“ победија по речиси три месеци против Пелистер во минатото коло, па сега сакаат да продолжат во позитивна насока и против Вардар.
Шкендија го освои Велес, а тоа значи дека Шкупи има императив да победи на гостувањето во Битола. Филип Глигоров вели дека трите бода се целта на тимот од Чаир.
„Не очекува многу тежок натпревар во Битола. Пелистер воопшто не е тим за потценување, не смееме да мислиме дека работата е однапред завршена. Мора да бидеме максимално фокусирани под „Тумбе кафе“. Верувам дека ќе успееме да ја оствариме целта“, изјави Глигоров.
Македонија ЃП гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Беласица. Пред десетина дена славеше убедливо со 1-4, но во куп-пресметката со истиот ривал.
Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува тимот на Академија Пандев, а Ренова е домаќин на Силекс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
