Вардар и Работнички одиграа возбудлив дуел на стадионот „Борис Трајковски“, а на крајот се радуваа „црвено-црните“. Дарко Глишиќ со гол директно од корнер во 56.минута го реши 75. соседско дерби.
Одличен на голот на Вардар беше и Филип Гачевски, кој имаше неколку бравурозни интервенции.
Шкупи го преживеа Штип, но не победи (0-0) против домаќинот Брегалница кој грчевито се бори за опстанок во елитата. Арби Воша во 28.минута не успеа да реализира пенал за тимот од Чаир. Ристе Јанков го одбрани неговиот удар од белата точка.
Шкендија имаше непријатно гостување во Струмица и одигра само 0-0 против Брера. Гостите од Тетово имаа неколку одлични шанси, но реализацијата не беше на потребното ниво.
Шампионот Струга ТЛ ја победи Македонија ЃП на домашен терен со 2-1. Тоа беше деби натпревар за новиот тренер на „лавовите“, Бобан Грнчаров.
Буњамин Шабани во 13.минута донесе предност за Струга ТЛ, а Марјан Радески во 21.минута зголеми на 2-0. Алтин Алији постигна гол за надеж за “лавовите” во 49.минута.
Тиквеш славеше со 1-0 против Силекс во Кавадарци. Робертињо Нето со голот во 20.минута му донесе триумф на кавадаречкиот тим.
Воска Спорт го пречека Гостивар во Охрид, а дуелот заврши 1-1. Фатјон Јусуфи беше стрелец на водечкоот погодок за Воска во 24.минута од натпреварот. Гостиварци израмнија преку Мухамед Елмас во 83.минута.
Со одигрувањето на 22.коло, заврши вториот круг на натпревари во Првата фудбалска лига. Следи третиот круг од елитата кој ќе се игра според Бергеровиот систем и продолжува веќе претстојниот викенд.
ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0-0
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-0
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 1-0
БРЕРА – ШКЕНДИЈА 0-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski