
Вардар и Шкендија одиграа возбудлив дуел на „Борис Трајковски“ и покажаа квалитет во доменот колку што дозволува лошиот терен. На крајот двете екипи поделија по еден бод.

Вардарци имаа подобар почеток и носени на крилјата на фановите успеаја да стигнат до предност во 16.минута со голот на Матеус Лемос во 18.минута. Глишиќ изведе корнер, а Лемос со удар со глава на вториот дирек ја погоди мрежата на Талевски. Во 58.минута, Омерагиќ и Мелиќи добија црвени картони за меѓусебно кошкање, а откако Вардар пропушти два зицери за водство од 2-0, тоа Шкендија знаеше да го казни. Во 79.минута, Аганспахиќ успеа да постигне погодок за израмнување на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Шкупи имаше гостување во Охрид и не успеа да го скрши отпорот на Воска Спорт. Мечот заврши без голови, иако тимот од Чаир сигурно се надеваше дека може да се врати со цел плен од ова гостување.
Брегалница веќе нема друг избор и мора да се бори за прволигашки живот атакувајќи на победа на секој натпревар. Сепак, денеска во Штип одигра 0-0 против Гостивар.

Македонија ЃП малку „мрдна“ оваа пролет со триумфот од 1-0 против Тиквеш. Крсте Велкоски од пенал постигна победнички гол за „лавовите“ во 36.минута. Тиквеш од 51.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Вареловски, кој доби два жолти картони.
Силекс победи со 2-1 против Брера. Кратовци стигнаа до успех со головите на Антонио Каланоски во 51.минута и на Леонид Игнатов во 78.минута. Стрелец на погодокот за Брера беше Ѓорѓе Ивковиќ во 68.минута.
Ова 24.коло се заокружува со дуелот меѓу Работнички и Струга Трим Лум кој е закажан за утре.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 0-0
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
СИЛЕКС – БРЕРА 2-1
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (утре, 15 часот)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
