Францускиот интернационалец Рафаел Варан е се поблиску до излезната врата на Реал, а неговата нова дестинација треба да биде Манчестер Јунајтед. Според францускиот медиум „Ле Паризиен“, клубовите започнале преговори и се очекува дефанзивецот да отпатува на „Олд Трафорд“ во наредните денови.
Манчестер е подготвен да плати 45 милиони евра отштета за стоперот, плус бонуси, и иако Реал Мадрид бара над 50 милиони евра, за очекување трансферот да се реализира во следните седум дена.
Варан игра во Реал Мадрид десет сезони, а дојде во клубот од Ленс во 2011.
Тој има договор со „кралевите“ на уште една година и не се согласи да ја продолжи соработката, поради што Реал мора да го продаде за да не замине без обештетување следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













