Францускиот дефанзивец Рафаел Варан по завршувањето на сезоната најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид. Тој повеќе од една деценија е на „Сантијаго Бернабеу“ и неодамна изјави дека му е потребен нов предизвик во кариерата. Со „кралскиот клуб“ освои голем број титули, а би сакал да се испроба и во некој друг шампионат.
Медиумите на Островот најавуваат дека Варан е најблиску до трансфер во Манчестер Јунајтед. Тој би бил големо засилување за дефанзивната линија на Оле Гунар Солскјер и идеален партнер за Хари Мегваер на стоперските позиции.
Договорот на Варан со Реал Мадрид истекува во јуни 2022 година, но тој би бил достапен за трансфер за сума од околу 30 милиони евра. Раководството на „црвените ѓаволи“ ќе се обиде да го доведе на „Олд Трафорд“ и да реагира побрзо од Пари Сен Жермен кој исто така сака да го има одличниот дефанзивец во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













