
Клубовите од Премиер-лигата одлучија ВАР системот (Видео помошник судија) да биде присутен на нивните натпревари и следната сезона. Единствениот клуб кој гласаше за укинување на ВАР беше Вулверхемптон кој со свој предлог го иницираше гласањето, додека сите останати 19 клуба беа против.
Иако иницијативата на Вулвс беше далеку од потребното двотретинско мнозинство (14 гласа) за укинување на ВАР, се вели дека иницирала здрава дискусија меѓу клубовите, кои на тој начин во официјалното соопштение истакнале дека се договориле ВАР да биде „подобрен и во функција на играта и на навивачите“.
За потсетување, ВАР беше воведен во Премиер – лигата во 2019 година, но сѐ уште е предмет на бројни контроверзии. Аргументите на Вулвс за укинување беа многубројни, а еден од нив беше дека ВАР го промени односот на навивачите кон фудбалот поради задоцнетите прослави на голови.
Дополнително, видео проверките ја забавија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа беше предложено да се укине ВАР.
Исто така, ВАР не ги елиминираше судиските грешки бидејќи лоши одлуки се носат и по прегледување на видеата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
