Connect with us

ВАР додели пенал за Атлетико – Алварез со „паненка“ го совлада Куртоа (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид има предност (0-1) на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид по првото полувреме кое донесе многу тензии и контроверзи.

Во 35.минута беше досуден пенал за Атлетико Мадрид, по реакција од ВАР.

Чуамени го нагази Лино во шеснаесетникот, по што ВАР собата интервенираше, а главниот судија Сезар Сото Градо одлучи да ја прегледа ситуацијата. По анализата, тој покажа на белата точка и досуди пенал за Атлетико Мадрид.

Фудбалерите на Реал Мадрид жестоко протестираа, но одлуката остана непроменета.

Хулијан Алварез ја презеде одговорноста и во 35. минута со мајсторска „паненка“ го совлада Тибо Куртоа, носејќи водство за Атлетико.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови