Руд ван Нистелрој изрази интерес да остане дел од стручниот штаб на новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим.
Поранешниот холандски репрезентативец беше назначен како привремен менаџер по отказот на Ерик тен Хаг, а вчера беше потврдено дека Португалецот Аморим ќе ја преземе „жешката“ клупа на Јунајтед на 11 ноември.
„Свесен сум дека мојата улога како привремен менаџер е временска, тоа ми беше кажано и сум задоволен. Дојдов како асистент за да му помогнам на клубот да напредува, и сè уште сум мотивиран да го правам тоа во истиот капацитет. Мојата апсолутна цел е да се вратам на функцијата асистент-тренер, која ја имам за оваа и следната сезона“, изјави Ван Нистелрој.
Манчестер Јунајтед во средата го победи Лестер со 5-2 во Лига купот со ван Нистелрој на клупата.
Легендарниот напаѓач ќе го води тимот на неделното дерби против Челси, кое е закажано за 17.30 часот на „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













