
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, зборуваше по ремито 1-1 на „црвените ѓаволи“ против Челси во натпреварот од десеттото коло на англиската Премиер – лига.
„Малку сме разочарани, бидејќи не успеавме да постигнеме втор гол и да ги искористиме шансите што ги имавме. Тоа чувство не го имам само јас лично, туку и целата соблекувална. Во последните натпревари загубивме неколку бода затоа што не ги реализиравме шансите. Добро е што создаваме многу можности во текот на целата сезона. Во тој контекст, не сум премногу загрижен. Кога играчите ќе влезат во ритам, ќе почнат да постигнуваат резултати и да добиваат самодоверба, тогаш ќе дојдат и головите“, рече Ван Нистелрој.
Привремениот менаџер зборуваше и за идниот постојан тренер на првиот тим, Рубен Аморим, кој ќе им се придружи на „црвените ѓаволи“ на почетокот од следната недела, на 11-ти ноември.
„Со нетрпение очекувам подобро да го запознаам. Тој се докажа како млад, талентиран тренер кој ужива успеси во Португалија веќе подолго време. Така што, како што реков, со нетрпение очекувам да продолжам да му помагам на клубот да напредува – тоа е мојата главна цел. Не сум разговарал со него и во овој момент немам никакви планови да го сторам тоа. Ја вршам својата работа за да се подготвам за натпреварите во четврток и недела, но во меѓувреме чекам да видам како ќе се развијат работите во комуникацијата со новиот главен тренер“, додаде Ван Нистелрој.
Во моментов, тимот на Манчестер Јунајтед е на 12. место на табелата во Премиер – лигата со само три победи од почетокот на сезоната и негативна гол-разлика.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
