
Холандскиот интернационалец Дони ван де Бек дојде од Ајакс на „Олд Трафорд“ како големо засилување за 44 милиони фунти, но не ја добива очекуваната минутажа во Манчестер Јунајтед. Менаџерот Оле Гунар Солскјер најчесто го користи како резерва, а поранешниот стратег на клубот, Холанѓанецот Луј ван Гал, вели дека неговиот сонародник направил огромна грешка што потпишал за Јунајтед.
„Позициите каде Дони е најдобар, во Манчестер Јунајтед им припаѓаат на Пол Погба и на Бруно Фернандеш. Знаејќи го тоа, воопшто не требаше да го напушти Ајакс за да замине на „Олд Трафорд“. Тие го кочат неговиот пат кон ѕвездите. Дури и Погба не игра секој натпревар, а Бруно Фернандеш е екстремно важен за тимот и невозможно е да остане на клупата. Затоа, шансите за Дони се навистина мали во тој тим“, изјави Луј ван Гал.
Тој го советува Дони ван де Бек брзо да замине од „Олд Трафорд“ и во друга средина да ја оживее кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
