
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, истакна дека тимот не смее да се занесе со големите очекувања за освојување на четири трофеи оваа сезона. Оваа изјава дојде по убедливата победа од 4-0 против Тотенхем на „Енфилд“, која го однесе Ливерпул во финалето на Лига Купот против Њукасл.
На овој натпревар голови постигнаа Коди Гакпо, Мохамед Салах, Доминик Шобошлаи, а Ван Дајк го заокружи резултатот со гол со глава.
„Очекувањата се дека треба да дадеме сè од себе и да се обидеме да го добиеме секој натпревар кој ни претстои. А не да размислуваме за четири трофеи или да зборуваме за тоа што ‘може да биде’.”
Тој додаде дека секој натпревар до крајот на сезоната ќе биде тежок и дека тимот треба да се фокусира на сопствената игра, без да се грижи за другите тимови.
Во сезоната 2021/22, Ливерпул го освои Лига Купот и ФА Купот, но нивниот обид за историски четири трофеи беше запрен откако Реал Мадрид ги совлада со 1-0 во финалето на Лигата на шампионите, а Манчестер Сити ги престигна со само еден бод во Премиер – лигата.
Оваа сезона изгледа ветувачки за Ливерпул, но Ван Дајк инсистира дека тимот мора да остане фокусиран и да размислува натпревар по натпревар, наместо да се оптоварува со можните трофеи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
