Connect with us

Ван Дајк имаше 70 меча без пораз на „Енфилд“, а потоа дојде Лидс

Неверојатната серија на Вирџил ван Дијк од 70 последователни натпревари за Ливерпул пред навивачите на „Енфилд“ без ниту еден загубен меч беше сопрена синоќа со победата на Лидс од 2-1. Голот на Крисенсио Самервил во 89. минута стави крај на серијата која беше изградена на 59 победи и 11 нерешени во сите натпреварувања откако тој се пресели од Саутемптон во Ливерпул во јануари 2018 година. Тој трансфер беше рекорден за Ливерпул кој за одличниот стопер плати 84,7 милиони евра.


Победата на Лидс Јунајтед против Ливерпул беше историска и за тој клуб, бидејќи беше прва од април 2001 година, кога Лидс исто така победи со 2-1 на „Енфилд“.

После тоа, Ливерпул забележа девет победи, а три меча завршија без победник. На последните две меѓусебни средби, Ливерпул забележа две победи со гол разлика 9-0, а кога на тоа ќе се додаде фактот дека Лидс има низа од четири првенствени порази, се чинеше дека прашањето за победникот е познато дури и пред почетокот на дуелот.

Сепак, избраниците на Џеси Марш приредија сензација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови