Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, зборуваше по триумфот во Лига купот на Англија. Токму Холанѓанецот донесе успех во финалето против Челси со гол на крајот од продолженијата.
„Ова беше за навивачите. Да славиме! Натпреварот беше тежок за двата тима. Свои шанси имаше и противникот. Ова е прв трофеј за мене како капитен. Горд сум што сум дел од овој клуб. Горд сум и на момчињата“, изјави возбудениот Ван Дајк за „Скај Спортс“ по натпреварот.
За Ливерпул ова беше трофеј број 10 во Лига купот, што е рекорд.
Победата е уште послатка бидејќи беше остварена речиси целосно со вториот состав поради отсуството на играчи како Салах, Нуњез, Жота, Александер-Арнолд, Алисон, Куртис Џонс, Шобошлаи, Алкантара и Матип.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal