
Германскиот бундеслигаш Волфсбург го отпушти тренерот Марк ван Бомел по серијата од осум натпревари без победа. Холанѓанецот имаше силен почеток на сезоната, но Волфсбург одлучи да ја прекине соработката со поранешниот играч на Баерн Минхен.
Мандатот на Марк ван Бомел како тренер на Волфсбург траеше само 13 натпревари. „Волците“ ја отворија сезоната со четири победи едноподруго, што ги натера да целат кон врвот во Бундес – лигата на почетокот на септември.
Но, тие испадаа од Купот на Германија во првото коло и нанижаа серија од осум натпревари без победа – пет во Бундес – лигата и три во Лигата на шампионите. Тоа резултираше со тренерска смена.
„Имаше повеќе фактори за разделба отколку мотиви за да продолжиме заедно“, изјави спортскиот директор Јерг Шматке.
Холанѓанецот истакна дека е изненаден од одлуката за разделба.
„Изненаден сум и разочаран од одлуката“, изјави Ван Бомел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан без Мајк Мењан на гостувањето кај Удинезе

Евро-фудбал
Нејмар повторно се повреди

Евро-фудбал
Барселона подготви нов договор за Френки де Јонг
