Connect with us

Валенти: Среќен сум поради триумфот над Вардар, можевме да бидеме и поубедливи

Тренерот на Брера Струмица, Џовани Валенти, имаше победничко деби на клупата. Неговиот тим вчера го победи Вардар со 1-0. Тој е задоволен од триумфот и вели дека можеле да победат и поубедливо.


„Остваривме важен триумф на стартот од првенството против силен тим како што е Вардар. Задоволен сум од изданието на тимот, иако секако има уште многу простор за напредок. Создадовме повеќе шанси и резултатот можеше да биде уште поубедлив во наша корист. Секако, честитки и за фудбалерите на Вардар кои беа тежок противник. Во иднина ќе морам да бидам и повнимателен, во Италија можеби сме навикнати судиите повеќе да нѐ толерираат на клупата. Сепак, ќе се потрудам да не добивам црвени картони“, изјави Валенти.

Во второто коло, Брера Струмица на домашен терен ја пречекува Воска Спорт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови