
Шпанскиот прволигаш Валенсија е во преговори со Единсон Кавани. „Лилјаците“ итно бараат нов напаѓач по продажбата на Гонсало Гуедеш во Вулверхемптон. Затоа клубот го сврте вниманието кон уругвајскиот ветеран.
Во последните неколку недели, се шпекулираше дека Кавани е на прагот на преселба во францускиот прволигаш Ница. Сепак, напаѓачот во последен момент ја одбил понудата на овој клуб. Се верува дека причина за тоа е токму понудата од Валенсија, иако и Вилјареал е силно заинтересиран да го доведе во своите редови.
Од „Месталја“ веќе стапиле во контакт со 35-годишниот Уругваец и водат преговори со него. Се верува дека двете страни се блиску до договор кој формално би можел да биде објавен за неколку дена.
Кавани моментално е слободен играч откако последните две сезони ги мина во Манчестер Јунајтед. Сепак, неговиот престој на „Олд Трафорд“ не беше особено успешен, бидејќи за „црвените ѓаволи“ одигра 59 натпревари и постигна 19 гола пред да одлучи да не го продолжи договорот со клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
