
Македонскиот прволигаш Брера в петок во строгиот центар на Струмица ќе отвори Фан шоп, кој ќе се ноаѓа на градскиот плоштад веднаш до Стоковната куќа.
„Во нашата Фан продавница која ќе биде отворена во 18 часот, може да се набават брендирани дресови, јакни, маици, шалови, приврзоци, шолји, пенкала како и многу други предмети со логото на Брера“, информираат од струмучкиот клуб.

На настанот ќе биде присутен и претседателот на клубот Горан Пандев кој ќе се дружи со сите навивачи, симпатизери и граѓани кои ќе бидат присутни на свеченото отворање во периодот до 18 до 19 часот.

Освен со Пандев, посетителите ќе имаат можност да се дружат и со играчите и стручниот штаб на ФК Брера Струмица кој дефинитивно отвора нови страници во македонскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
