Холандскиот интернационалец Џорџинио Вајналдум ќе остане во Париз овој јануари. Иако се најавуваше негово заминување поради незадоволство од статусот во тимот, тој сепак одлучи да остане и да се бори за место во составот на Маурисио Покетино.
31-годишниот играч беше поврзуван со позајмица назад во Англија каде претходно играше за Њукасл и за Ливерпул, но играчот од средниот ред сака да го подобри стартниот лош почеток во Лига 1 и да ја заврши својата прва сезона со титула на „Паркот на принцовите“.
Вајналдум во октомври јавно изјави дека не е задоволен од својата минутажа во тимот на ПСЖ и веднаш почнаа шпекулациите дека експресно ќе си замине од Париз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













