Репрезентативецот на Холандија, Џорџинио Вајналдум, тврди дека не дошол во ПСЖ поради парите. Поранешниот играч на Ливерпул беше блиску до трансфер во Барселона ова лето и на крајот потпиша како слободен агент за францускиот ПСЖ.
Постоеше верување дека Вајналдум ги избрал парите, но тој цврсто ги отфрла ваквите обвинувања и посочува дека ПСЖ го одбрал пред Барселона од спортски причини.
„Морам да признам дека тоа беше многу тешка одлука. Јас сум навивач на Барселона уште од дете и сè уште се сметам за навивач на овој клуб. Преговаравме и имав добро чувство, но навистина разговарав и со други клубови. Разговарав со ПСЖ, со Леонардо и со Покетино, кого го познавам од Тотенхем и тој уште претходно сакаше да ме донесе во тој клуб. Ми се допадна веднаш како размислуваат и затоа му реков дека сум заинтересиран “, вели Вајналдум.
ПСЖ сторил се за да го убеди холандскиот интернационалец да пристигне во Париз.
„Од тој момент, преговорите беа едноставни. Тие направија навистина сè – и под тоа мислам навистина сè – за да станам нивен член. Тие беа побрзи, не стануваше збор за пари воопшто, затоа што разликата во понудите беше мала. Ги отфрлам сите обвинувања дека сум дошол во ПСЖ поради парите“, истакнува новото засилување на „светците“.
Покрај Вајналдум, ПСЖ ги донесе Џанлуиџи Донарума, Серхио Рамос и Ашраф Хакими ова лето и сега работи на доведување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal