Досегашниот дефанзивец на Работнички, Андреј Кировски, е нов фудбалер на Гостивар. По заминувањето од Дебар Маало, стоперот одлучи да ја прифати понудата на раководството на лидерот на табелата во Втората лига. Тоа е уште едно квалитетно прволигашко засилување за гостиварци во обидот да се пласираат во елитата.
Кировски беше дел од младинците на Вардар, настапуваше и за Силекс, Саса, а беше дел и од Динамо Загреб, од каде беше испратен во Сесвете.
Кировски е најновото име во Гостивар по ангажманот на Рушту Јонус, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Фисник Зука, Гордијан Христовски, Астрит Амзаи, Рејан Абази и на Симеон Христов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













