Connect with us

Уругвај го назначи Марсело Биелса за нов селектор

Фудбалската федерација на Уругвај официјално го назначи Марсело Биелса за нов селектор на националниот тим, со што го потврди она што се најавуваше пред неколку месеци.


Биелса потпиша договор до крајот на Светското првенство во 2026 година.

Најверојатно Аргентинецот ќе дебитира на клупата на репрезентацијата во јуни, кога Уругвај треба да одигра пријателски натпревари против Никарагва и Куба.

Јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година започнуваат во септември.

Биелса водеше голем број европски клубови, како Еспањол, Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј и Лил. Тој беше селектор на Аргентина од 1998 до 2004 година, а на Чиле од 2007 до 2011 година.

Тој е без работа откако беше отпуштен од Лидс минатиот февруари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови