Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изрази мешани емоции по синоќешната победа од 3-2 против Пари Сен Жермен во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Иако неговиот тим прикажа импресивна игра и направи спектакуларен пресврт од 0-2, тоа не беше доволно за пласман во полуфиналето.
„Горд сум на сè што постигнавме. Да се стигне до оваа фаза на турнирот е огромен чекор напред и знак дека се движиме во вистинската насока со Астон Вила. Во првиот натпревар се боревме, но не доволно. На реваншот бевме уште подобри, но не ни недостигаше малку за целосен пресврт. Ни недостигаше уште тој последен чекор, на кој мора да работиме“, изјави Емери.
Тој посебно ја истакна поддршката од навивачите.
„Навивачите беа неверојатни. Дури и кога губевме со 0-2, тие останаа со нас и ни дадоа енергија да се бориме до крај.“
Емери додаде дека има целосна доверба во работата на клубот.
„Убеден сум дека ќе ја постигнеме нашата цел со напорна работа. Стигнавме до четвртфинале и се надевам дека повторно ќе играме во Лигата на шампионите. Тоа е нашата следна цел – најважното натпреварување. Предизвикот во последните шест кола е да избориме пласман во Европа и повторно да бидеме меѓу најдобрите. Мојот сон е да стигнеме до финале и да станеме европски шампиони“, истакна Емери.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













