Барселона и понатаму е во хаос. Роналд Куман е пред отказ, а раководството доби негативен одговор од Жорди Кројф за да седне на клупата на тимот. Нема да биде лесно да се изведе и отказот затоа што Барселона ќе треба да исплати 12 милиони евра, а во моментот е во финансиска „дупка“ од половина милијарда евра.
Фудбалерите почнаа и да не доаѓаат на тренинзи. Францускиот дефанзивец Самуел Умтити го пропушти својот последен тренинг на тимот. Тоа не би било толку чудно се додека не се дознае причината.
Имено, Умтити, кој летово одби да го раскине договорот, како и трансфер во друг клуб, го извести клубот дека не е повреден, а како причина за неговото отсуство го наведе психичкиот замор.
Уште од почетокот на сезоната, Умтити ја грее клупата и Роналд Куман не смета на него, а тој сега тврди дека целата ситуација влијаела на неговата психа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













